Oткриен е изворот на листерија. Бактеријата е пронајдена во чаден свински врат нa месната индустрија „Екстра Меин“ од Куманово, соопшти „Комисијата за заразни болести.
– Испитувањата на вкупно 650 мостри прехранбени производи покажаа дека бактеријата листерија е најдена во триесет производи што термички се обработуваат и се сметаат за безбедни за јадење и кај еден производ што не се обработува термички – вакумиран сечкан свински врат. Генетичките профили на листеријата од овој производ во 98 отсто се совпаѓаат со оние најдени кај осумте заболени од листериоза -изјави професор д-р Ѕвонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести.
Допрва ќе се прават анализи од мостри од површините и масите од фабриката каде што се произведува месото, кое е наредено да биде повлечено од производство и тоа до вечер ќе биде направено, изјави Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна.
Кумановската фабрика го купувала месото од Гевгелија, но Рунтевски не одговори на прашањето точно од кој производител е месото, затоа што се уште не било испитано.
Од листерија досега починаа четворица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


