| четврток, 6 декември 2018 |

Намалени трошоците за испитување на листерија при увоз на храна

листерија

Агенцијата за храна и ветeринарство (АХВ) им излезе во пресрет на операторите со храна и одговори на нивните барања за намалување на трошоците за задолжително испитување на листерија при увоз.

Новото решение почна да се применува од 8-ми овој месец.

Задолжителното лабораториско испитување на Listeria monocytogenes на пратките од трети земји се врши со претходно групирање на производите по вид, тип на обработка и објект од кој потекнуваат. Мострата за анализа од страна на официјалниот ветеринар или инспекторот за храна се зема од производот кој е количински најмногу застапен.

Според Агенцијата, производите не смеат да се пуштат во промет се до добивање на резултатите од лабораториски испитувања со кои се потврдува нивната безбедност.

– Како одговорна институција за безбедноста на храната и во иднина, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги следи потребите, барањата и правата на потрошувачите и операторите со храна, со единствена цел – обезбедување безбедна храна преку намалување на административните процедури и финансиските трошоци на сите вклучени во синџирот на безбедноста на храната – наведува АХВ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top