Народниот правобранител Иџет Мемети изразува сериозна загриженост поради последните настани во Скопје, во кои жртви на тепање и малтретирање се деца и бара од надлежните институции брзо и ефективно да преземат мерки за расветлување на сите случаи за да се заштитат нападнатите и да се спречи евентуално проширување на оваа појава.
– Само брзата реакција на надлежните институции ќе придонесе за запирање и натамошно спречување на насилствата врз децата, со што ќе се создадат услови за толеранција меѓу децата, младите и целокупната популација – вели Мемети.
Народниот правобранител ги повикува сите чинители во општеството да бидат свесни за одговорноста што ја носат и да работат на спречување на ваквите насилни настани, со цел воспитување на младата популација, која ќе ги вреднува и почитува различностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


