
Бранителот на трофејот и македонски ракометен првак Металург ќе биде носител на групата А на турнирот Струга 2104, кој годинава го има своето 42.то издание.
Покрај Металург во оваа група сѐ уште францускиот Кретеј, за кого брани македонскиот репрезентативец Борко Ристовски и полската екипа Азоти Пулави.
Во Б групата покрај македонскиот вицепрвак Вардар ќе играат уште екс европскиот шампион Металопластика од Србија и руската екипа Санкт Петербург.
Првиот ден (13 август) на турнирот Металург ќе игра со Кретеј, а претходно ќе има и еден ревијален натпревар меѓу домаќинот Струга и Металург Јуниор.
Финалето во кое ќе играат победниците на групите е предвидено за 16 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


