
Повеќе од десетици илјади луѓе дојдоа на церемонијата во Хирошима на која беше одбележано 69 години откога е фрлена атомска бомба на тој град во Втората светска војна.
Преживеани, роднини, официјални лица на Владата и странски делегации им оддадоа почит на жртвите со една минута молка во 8.15 часот по локално време, кога детонацијата тој град го претвори во пепел.
Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи го повика американскиот претседател Барак Обама и останатите светски лидери лично да дојдат и се уверат од последните од бомбардирањето.
– Претседателе Обама и сите лидери на државите кои имате нуклеарно оружје, ве молам што е можно побрзо да ги посетите градовите на кои е фрлена бомбата. Ако тоа го сторите, ќе се уверите дека нуклеарното оружје е апсолутно зло кое веќе не смее да постои – рече Мацуи.
Во нападот во 1945 година загинаа 140.000 лица, а три дена подоцна беше фрлена втората атомска бомба, во Нагасаки, која усмрти уште 70 илјади луѓе. Ова ја принуди Јапонија да капитулира во Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


