
Град Скопје планира да постави нови поквалитетни јавни тоалети во центарот на градот.
– Град Скопје бара нов тип на тоалети кои имаат подобар изглед и кои ќе можат да бидат ставени во центарот на градот, бидејќи сегашните тоалети, „Тоифор“ немаат добар изглед за прометните места, како плоштадите – изјави градоначалникот Коце Трајановски.
Постапката за избор на новите тоалети ќе трае до Нова година, а Трајановски се надева дека Градот ќе добие нови тоалети на почетокот на следната година.
– Тоалетите најверојатно ќе бидат поставени на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“, кејот на Вардар и на други места во централното подрачје, но тоа дополнително ќе го кажат службите, додаде Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


