Швеѓанка за време на нејзината посета на лутеријанска црква во земјата, пронашла коски од 80 луѓе собрани во големи сини кеси од познатата компанија „Икеа“, за кои се утрврдило дека биле погребани во 2009 година, но во меѓувреме биле извадени поради реновирање на црквата и не биле закопани повторно.
Кики Карлен, која ја посетила парохијата во градот Клекерберг, ги фотографирала кесите со коските и фотографијата ја објавила на својот блог, по што ја објавиле и шведските медиуми, пренесува францускиот весник „Фигаро“.
– Навистина се разбеснив што ги пронајдов тука коските. Како вие би реагирале доколку тоа се остатоци одвашите баба или дедо?- изјавила Карлен за весникот „Локал“.
Од парохијата велат дека коските биле ставени во кеси пред пет години, кога црквата била реновирана за да им овозможат пристап на хендикепираните луѓе, но заборавиле повтроно да ги закопаат.
Црквата наводно не нашла друго место каде да ги закопа извадените остатоци, кои оттогаш стојат во сини кеси заборавени во некој зафрлен агол, вели Лудвиг Папмел- Дуфај, еден од археолозите кој учествувал во есхумација на телата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



