Еден од највозрасните учеснцити во НОБ, генералот Тодор Атанасовски, во интервју за Утрински Весник објави скандалозни обвинувања за наводна “егеизација“ на Македонија. Во интервјуто претседателот на Сојузот на борците на Македонија го стори тоа што само малкумина надворешни непријатели на земјата го сториле досега, се обиде да го подели македонското национално ткиво на „Егејци“ и останати Македонци. На прв поглед зборовите на Генералот можат да заличат на изјавите на нацистичките лидери во Германија за Евреите во текот на Втората светска војна.
Атанасовски во своето интервју вели дека во Македонија се појавила „егеизација“ која е штетна и која ја споредува со големосрпство и големобугарство.
„Македонија поминувала и поминува низ различни амплитуди: големосрпска, големобругарска… Сега повторно сме во една амплитуда. Не знам дали правилно ќе ја наречам, но сега сме во една егеизација на Македонија“, вели Атанасовски во интервјуто.
Во индиректниот обид да ги дискредитира претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, чии што предци потекнуваат од Егејска Македонија, Генералот Атанасовски заборава дека тој всушност со изјавата навреди стотици илјади Македонци чии што предци и роднини биле протерани или сѐ уште без никакви права живеат во Егејскиот дел на Македонија.
Генералот без да даде никакви конкретни објаснувања за своите тези тврди дека „егеизацијата“ наводно и се случувала на Македонија секојдневно во различни форми, преку партизација, во начинот на управување со државата.
Ваквите ставови особено се згрозувачки бидејќи доаѓаат од човек што се промовира за антифашист, а исклучиво поради партиски и идеолошки ставови се обидува да предизвика омраза кон Македонците од Егејска Македонија.
Атанасовски со неговите ставови прави раскол во македонското ткиво каков што досега не сториле ниту грчки, бугарски или српски националисти.
Недостоинствените изјави на генералот Атанасовски кој дури и тврди дека наводната „егеизација“ на Македонија е шовинизам, досега не беа осудени од ниту една организација или институција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведен ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски
-
Вакви решенија за прогресивен данок има во банани држави – смета креаторот на македонскиот даночен систем
-
Уааа: Бегалците од Егејска Македонија договорот со Грција го оценија како велепредавство
-
Последната вечера на генералот: Ким го погуби најмоќниот човек во државата


