| четврток, 6 декември 2018 |

Сирењето од магарица меѓу петте најскапи специјалитети на светот!

магаре

Сирењето од магарешко млеко, кое се произведува во специјален резерват на природата, „Бара Засавица“, кај Сремска Митровица, се најде меѓу петте најскапи кулинарски специјалитети на светот. Тука го прават најскапото сирење на светот од млеко на магарица кое неодамна по цена од 3.720 евра за 50 грама се нашло на менито на ексклузините ресторани во Лас Вегас.

За производство на килограм од ова сирење потребни се дури 25 литра млеко од магаре.

– Литар млеко од магараци кај нас чини 40 евра, а за само еден килорам сирење се потребни дури 25 килограми млеко. Оттука и цената од илјада евра за еден килограм сирење. Со овој број магарици годишно можеме да произведуваме 50 килограми сирење, што се  продава главно на странските туристи и по нешто на нашите елитни ресторани. Сирењето е скапо, но е вистински деликатес и се прави единствено во Србија – објаснува Слободан Симиќ, управник на Специјалниот резерват на природата „Бара Засавица“.

Првото место на листата на најскапи јадења, објавена на сајтот FinancesOnline, го заземала ледениот чоколаден деликатес „Frozen Haute“ која може да се дегустира во њујоршкиот ресторан „Середипити 3“, омилено место на милијардерите.

На второ место е пицата „Луј 13“ која може да се нарача само во јужниот италијански град Салерно, а ачини околу 8.300 евра.

На третот место е јадењето кое може да се дегустира само во ресторанот „Fler de Lis“ во хотелото „Манделеј Беј“, во Лас Вегас. Станува збор за хамбургер од коба говедско, црни тартуфи и гускина паштета, која се служи со шише вино Шато Петрус, а чини нешто помалку од 4.000 евра.

Следува виетнамската чорба Анки Фу која е најверојатно најскапа супа на светот, а чини 3.700 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top