| четврток, 6 декември 2018 |

Босанци тренирале магаре да краде дрва

Во последниве неколку години кражбата на дрва во Шуица, Босна и Херцеговина зела замав, па се користат сите расположиви средства за превоз, меѓу останатото и дресирано магаре „крадец”, истакнуваат од локалните власти.

Како што наведуваат, сопственикот на магарето, кој живее во непосредна близина на буковата шума, го натварува со дрва кои ги исекол без дозвола, па го упатува по најкраткиот пат.

– За да дојде до куќата, магарето треба да го помине магистралниот пат, но тоа не го прави се додека не се појави неговиот сопственик – наведуваат надлежните служби.

– Оваа е единствената ситуација во која вината за безправно сечење на дрва се префрла на едно магаре – истакнуваат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top