| четврток, 6 декември 2018 |

УНИЦЕФ: Околу 400.000 деца доживеале траума поради изреалската офанзива на Газа

Повеќе од 400 деца се убиени во текот на израелската офанзива на Појасот Газа, а околу илјада пати повеќе доживеале траума и се соочуваат со исклучетлно тешка иднина, предупреди синоќа претставничката на УНИЦЕФ во Газа, Пернил Ајронсајд.

Gaza death toll tops 1,400 as sirens wail in Tel Aviv

Таа истакна дека „обновувањето“ на детските животи ќе биде дел од многу поголем напор отколку обновување на палестинската територија по завршувањето на судирите.

– Луѓето загубија цели свои семејства во еден напад. Како може општеството да се избори со тоа? Тоа е длабока, длабока рака – истакна Ајронсајд.

– Ако имате повеќе од седум години, веќе сте преживеале две претходни војни, а најновата ескалација е многу полоша отколку онаа кон крајот на 2008 и почетокот на 2009 година, и во 2012 година, нагласи претставничката на УНИЦЕФ.

Детскиот фонд на ОН проценува дека околу 373.000 деца доживеале некаков вид на директно травматско искуство и им е потребна момантна психосоцијална поддршка.

Екипите се веќе на терен, но се очекува дека нивната работа ќе трае со месеци и години

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top