
Руските музичари Kирил и Александра Трусова ќе одржат концерт вечерва во 21 часот во „Света Софија“ во Охрид. Братот и сестрата Трусови со години успешно настапуваат и добиваат признанија во целиот свет. Ќе изведат дела од: Дворжак, Форе, Пуленк, Чајковски, Зимбалист. Kирил Трусов е еден од најзначајните виолинисти на својата генерација. Учел, меѓу другите, и од големиот Јехуди Менухин. Настапува со оркестри од целиот свет. Добитник е на голем број награди и признанија. Годинава настапи на Зимските олимписки игри во Сочи. Свири на виолина „страдивари“ која потекнува од 1702 година, на која свирел познатиот виолинист од 19 век – Адолф Бродски.
Александра Трусова своето образование го стекнала во својот роден град Санкт Петербург, а го продолжила во неколку града во светот. Настапувала со: Лорин Маазел, Јозеф Сук, Мајкл Тилкин, Волтер Велер и др. Трусова добила повеќе интернационални награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“


