| четврток, 6 декември 2018 |

Дарен Емерсон на „Аквапарк фест“

Поранешниот член на славните „Андерворлд“ (Underworld)  Дарен Емерсон (DARREN EMERSON) и Џон Дигвид (JOHN DIGWEED) се приклучуваат на листата на изведувачи чии настапи ќе го одбележат вториот ден на „Аквапарк фестивал“, чие второ издание ќе се одржи на 28 и 29 август во Пробитшип.

Славните диџеи ја комплетираат листата на 20 изведувачи на дводневниот фестивал.

Првиот ден на „Андерворлд“, покрај најавените  Тимо Мас, Јорис Ворн и „Фанкермен“, во вечерната програма на главната бина ќе настапуваат и „Дубиоза колектив“ и „ПМГ колектив“ . Нив во четврток, на 28 август во Пробиштип им се придружуват уште и оригиналните битолчани „Паркети“ и младиот хип-хоп колектив од Струмица, „Дивизија“.

Во петок, 29 август, покрај веќе најавените групи Дисциплина Кичме“, „Бед Копи“, „Хардфејсд“, „Елементал, како и диџеј-двоецот Прок&Фитч, на „Аквапарк фест“ доаѓаат и Дарен Емерсон и Џон Дигвид.

 

ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА „АКВАПАРК ФЕСТИВАЛ“ СЕ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА
Влезниците се достапни во продажба по промотивна цена од 400 денари за еднодневна влезница и 700 денари за фестивалска влезница во која е вклучен бесплатен камп простор на фестивалот, бесплатна влезница во аквапаркот и користење на сите водени атракции кои тој ги нуди. Промотивните билети ќе се продаваат во строго ограничен број!

Картите за фестивалот ќе можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон ГТЦ 1 кат, МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Алпине Спорт – Тетово, Тобако – Охрид
  • Билетара на Аква парк – Пробиштип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top