| четврток, 6 декември 2018 |

Кој сѐ ќе настапува на „Пастрмалијада 2014“?

Градот Штип почнува со финалните подготовки за новото издание на познатата штипска манифестација „Пастрмалијада 2014“ која се организира по осми пат и која ќе трае четири дена, односно ќе се одржува во периодот од 25 до 28 септември.

Штип е единствен град во Македонија кој организира манифестација „Пастрмалијада“ посветена на брендираниот специјалитет.

Пред три години беше издаден и официјален гурмански водич за најдобриот вкус на Штип – Пастрмалијата.

Направен е и изборот на музички ѕвезди кои треба да ја засилат манифестацијата и да ги забавува гостите. Според предвидената програма на 25 септември, во четврток настапуваат „Дивље Јагоде“, на 26 септември во петок штипјани и посетителите од Македонија ќе ги забавува Аца Лукас, а во сабота, на 27 септември гостува уште една српска пејачка, Наташа Беквалац. На 28 септември, во недела предвиден е настап на македонски изведувачи од забавната и фолк сцена.

Организаторот се надева дека оваа година ќе се направат уште поголем број на пастрмајлии, со оглед на тоа што самото искуство веќе значи многу во надминување на проблемите кои се појавија минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top