На римскиот аеродром Фиумичино е вистински хаос поради штрајкот на персоналот задолжен за багажот на патниците, објави „Кориере дела сера“. Протестот почна во неделата и е оквалификуван како тивок штрајк.
![]()
Вработените ги почитуваат сите инструкции за работа, но работат многу бавно со што процесот на обработка на багажите на патниците е исклучително отежнат. На пистата на аеродромот синоќа беа видливи илјадници патнички торби и куфери.

Патниците се жалат дека доцнат на летовите, но и багажот не пристигнува заедно со нив на крајната дестинација од патувањето.

Протестот е по повик на синдикатот и насочен против планот за намалување на 1.590 работни места во АлИталија во секторот за обработка на багажите. Персоналот е редуциран и сега еден вработен извршува работни задачи што претходно ги вршеле четири лица. АлИталија се спојува со компанијата Етихад од ОАЕ. Во Рим синоќа пристигна и претседателот на Етихад Џејмс Хоган со цел да се разреши кризата и да се финализира договорот со АлИталија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


