Напнатиот полициски трилер „Зулу“ во кој главните улоги ги толкуваат Форест Витакер и Орландо Блум публиката ќе има можност ад го види од 14 август. Дејствието на филмот „Зулу“ е сместено во Јужноафриканската Република, а во фокусот на филмот е полициската истрага на бруталното убиство на девојка во текот на постапартхејдскиот период.
Остварувањето „Зулу“ премиерата ја доживеа на затворањето на 66-иот Филмски фестивал во Кан, режисер на филмот е Жером Сале. Некои од филмовите кои го носат неговиот печат се: „Турист“, „Лаго Винч“ и „Дволичност“. Сценариото за адаптација на истоимениот роман од францускиот писател Карил Фере, Сале го направил во соработка со Жилијен Папенау.

Мрачниот крими-трилер е сниман во Кејптаун, а во неговата реализација учествувале јужноафрикански актери кои го зборуваат локалниот јазик за подобра веродостојност на филмот.
“Зулу” претставува слика за Јужноафриканската Република, која и понатаму ги чувствува последиците од апартхејдот кои не можат да исчезнат преку ноќ и да се заборават.
“Зулу” претставува слика за Јужноафриканската Република, која и понатаму ги чувствува последиците од апартхејдот кои не можат да исчезнат преку ноќ и да се заборават.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура