
Студен бран повторно ја зафати Македонија. Циклонската активност преку Алпите се спушта во регионов. Нашава земја веќе е зафатена од дожд, а во текот на наредните неколку денови се очекува нестабилноста да се засили и да се манифестира со пообилни врнежи, грмотевици, силен ветер и локална појава на град.
Врнежи од дожд се регистрирани во северозападниот дел на Македонија и во Малешевијата, но со послаб интензитет. Според УХМР, во Крива Паланка до 17 часот наврнале 7 литри дожд на метар квадратен.Според метеограмите, во Скопје, врнежите се очекуваат околу полноќ. Според предвидувањата, нема да има мноу дожд, односно во текот на ноќта ќе наврнат околу 10 литри на метар квадратен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


