
Група мајки чии деца се во различна фаза на лечење на рак направија голем чекор и им пружија голема поддршка на своите најмили.

На годишниот собир на мајките, вкупно 46, во Бостон, тие ги избричија косите во знак на поддршка на своите деца заболени од рак. На годишниот собир тие успеаја да соберат 200 илјади долари за фондацијата која го финансира истражувањето на ракот кај децата.

„46 мајки“ е фондација која за пет години собра 1,5 милиони долари кои се искористија за борба против оваа болест, а многу деца се спасени токму благодарејќи на нивните напори и донации кои помогнале во истражувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


