
Авион на британските воздушни сили (РАФ) почнал да го следи патничкиот авион откако пилотот ја известил контролата на летови дека во неговиот авион би можело да има експолозивна направа.
– Авионот кој доаѓаше во Манчестер беше придружуван од РАФ, поради информација која ја добил пилотот дека постои можна опасност во авионот – изјавил Џон О’Хара, шеф на полицијата во британскиот град Манчестер.
Станува збор за патнички авион на „Катар Ервејвс“ кој слетал во Манчестер во придружба на британски воен авион. Полицијата соопшти дека авионот слетал и дека се справуваат со ситуацијата, која претставува изолиран инцидент. Според полицијата, едно лице било притворено. На патниците им било дозволено да го напуштат авионот, а аеродромот продолжил нормално да функционира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


