
Нестабилното време кое е е актуелно ова лето, ги натера новинарите во „Блиц ТВ Магазин“ да направат ранг-листа на петте најдобри „дождовни филма“. Прв на листата е филмот на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Пред дождот“, единствениот македонски филм кој доби престижната филмска награда „Златен лав“ за најдобар филм на фестивалот во Венеција. Истата, 1994 година овој филм беше номиниран и за „Оскар“ за филм од неанглиско говорно подрачје.
Втор на листата е „Дождовниот човек“ со Том Круз и Дастин Хофман. Чарли (Том Круз) дознава дека има брат кој живее во специјална установа. Тој е аутистичен, чита, има фотографска меморија, но не ги поврзува фактите.
Филмот „По сите овие дождови“ на режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ од 1972 година е трет на оваа листа. Говори за авантурата на една млада мажена жена и полициски инспектор. Авантурата се случува во едно зимско одморалиште, а кога тие повторно ќе се сретнат, сето тоа се претвора во голема забранета љубов.
„Врне дожд на нашата љубов“ е еден од првите филмови на Ингмар Бергам. Момче и девојка се запознаваат на железничка станица. Тој само што излегол од затвор, а таа е бремена и сакаат да основаат семејство, иако немаат пари. Поради многу предрасуди, општеството не ги прифаќа.
„Црн дожд“ е петти на оваа лист. Мајкл Даглас и Енди Гарсија како полицајци во филмот на Ридли Скот, заминуваат во Јапонија за да ги решат проблемите со мафијата. Паѓаат во немилост на американската и јапонската полиција. Приморани се само да се соочуваат со неволите за да го фатат криминалецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


