| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се предностите на лубеницата?

 лубеницаЕдна од најпопуларните и највкусните летни плодови е несомнено, лубеницата. Со ниско ниво на калории и богата со А и Ц витамини, лубеницата е дневна доза здравје. Други предности на лубеницата се:

  1. Лубеницата го зголемува капацитетот на мозокот (како одличен извор на Б6 витаминот кој е од витално значење за човечкиот мозок комбиниран со сличниот процент на вода е добитна комбинација).
  2. Лубеницата е содржана од вода (дури 91,5 отсто вода што значи дека обезбедува хидратација во текот на целиот ден).
  3. Лубеницата содржи околу 40 отсто ликопен, повеќе од суровите домати (што значи дека овој пожелен антиоксиданс помага да го подобрите Вашиот имунолошки систем).
  4. Лубеницата е добра за Вашите очи (витаминот А ја храни енергијата на Вашиот вид и ги штити очите од разни инфекции).
  5. Сокот од лубеница може да ги намали болките во мускулите (одличен избор по тренинг, затоа што истата важи за извор на цитрулин кој помага да се подобри функцијата на артериите и да се намали крвниот притисок).
  6. Лубеницата помага при губење на тежината (вкусен и скромен начин да се одлободите од килограмите, преку минерали и вода).
  7. Лубеницата штити од УВ зраци (богата со ликопен и каретоноид пигмент чии својства се вистински антиоксиданси. Штити и од изгореници и рак на кожа).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top