Ако вашата подобра половина го достигне сексуалниот врв уште во текот на предиграта, задолжително чувајте лубрикант покрај креветот.
Имено, според ново канадско истражување, на жените баш и не им е до секс откако ќе доживеат оргазам.
Во студијата, девојките и жените откриле дека чувствуваат помало задоволство, а поголема болка, откако доживеале стимулиран оргазам, во споредба со пенетрирањето кога се уште не го постигнале.
Авторот на студијата д-р Лорел Патерсон од Универзитетот на Британска Колумбија вели дека ова чувство на благо незадоволство можеби се должи на зголемениот прилив на крв во областа, како и чувството на задоволство по оргазмот.
Најдобро решение се разбира е лубрикантот, кој ќе овозможи доволно навлажнување за односот да не биде болен. Во случај и понатаму да постои болка, секогаш постојат и други интересни активности, како орален секс или пак, мала пауза, па одново со клиторична стимулација, и конечно пенетрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


