Канабисот и во минатото се користел во целиот свет како афродизијак, а во Калифорнија веќе направија и лубрикант со марихуана, наменет пред сè за дамите.
Лубрикантот може да се проголта или да се применува локално. Производителите потенцираат дека новиот производ ќе ги подготви дамите за едно сетилно искуство, но предупредуваат да се користи внимателно, бидејќи може да ги зашемети како марихуана.
Психоактивни ефекти на овој лубрикант , доколку се користи орално, се еднакви на последиците кои може да имате по пушење трева.
Канабис во традиционалните култури во светот некогаш се користел како афродизијак, што ги инспирирал производителите да направат таков лубрикант. Кај некои жени тој ја зголемува сексуалната желба кај други води до поинтензивни оргазми.
Овој лубрикант не може да се користи како секој друг. Треба да го нанесувате орално или локално половина час пред секс. Може да се користи и од мажи, но е наменет пред сè за жените, бидејќи мембраната на вагината е почувствителна и полесно ги впива состојките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


