| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР: Подгответе се за попладневна бура

Македонија од денеска попладне повторно ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса што ќе услови во наредните денови нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека нестабилно денеска ќе биде најпрво во западните, а потоа и во останатите делови од земјата, а овие процеси ќе продолжат и во ноќните часови. Локално ќе има и појава на невреме со интензивен пороен дожд, град и силни електрични празнења. Се очекува да наврнат и поголеми количини на воден талог, над 30 литри на квадратен метар.

Процесите ќе бидат во форма на невреме и во текот на утрешниот ден, а постабилно време се очекува за време на викендот.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да има поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, а стадата да не бидат во големи групи, туку раздвоени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top