Денешнава Барселона почна да покажува знаци на слабост како што сезоната пополека влегува во финишот. Иако во првиот дел од сезоната се течеше според планот. Сепак во одредени нешта недостигаат во големите натпревари. Еве некои од нив:
1. Виланова сеуште не го извадил максимумот од своите играчи
Главен квалитет на Пеп и останатите тренери од светска класа е што никогаш не се задоволни од резултатот, без разлика каков е. Ова сега се промени.
2. Потготовките пред натпреварите веќе не се исти
Под водство на Гвардиола, последната тренинг сесија беше симулација од наредниот натпревар. Сега тоа не случај.
3. Роура нема авторитетот во хиреархијата
Роура не го користи својот авторитет врз играчите. Ако Тито не е во можност тогаш Роура уште помалку.
4. Преголема комотност во почетните 11
Роура ги игра најдобрите 11 во тимот премногу често. На теренот излегуваат сите ѕвезди на тимот без разлика на формата.
5. Недостаток на лидерство
Недостатокот на лидерство на менаџерската клупа може да се надополни со тоа на теренот но и таму нема некој што ќе ги превземе работите врз себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.