| четврток, 6 декември 2018 |

Гардист се разнесе со рачна бомба среде хрватско летувалиште

Утрово, некаде после осум часот, непознато лице облечено во облека на гардист се разнесе со рачна бомба на влезот на хрватско Водице, приморско градче кај Шибеник.

Иако полициската истрага се уште е во тек, на терен е и јавен обвинител, а неофицијални извори тврдат дека тоа е поранешен хрватски бранител кој се убил активирајќи експлозивна направа, пишува „Индекс.хр“.

Смртта на човекот, кој бил облечен во униформа на гардист, ја поврзуваат со денешната прослава на Денот на победата и Националниот Ден на благодарноста во Хрватска.

Според непотврдени информации, на 200 метри од телото, се наоѓало и друго мртво лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top