| четврток, 6 декември 2018 |

Августовски метеорски дожд

perseid-map

Иако најголемиот број метеори или „ѕвезди што паѓаат“ годинава ги очекуваме на 12 август, сепак нивната појава е веќе почната. Најинтензивните летни метеорски дождови во лето на Северната хемисфера се наречени Персеиди. Името го добиле по соѕвездието Персеј, бидејќи кога се набљудуваат метеорите, доаѓаат од правец на тоа соѕвездие. Од нашите краишта, по полноќ, ова соѕвездие е во правец кон североисток. Просечно Персеидите даваат околу 60 метеори на еден час, но таа бројка може да биде и до 120  метеори на час. Се интензивираат со приближување на зората. Можат да бидат како линии на небото, но ако имате доволно среќа може да видите и по некој метеор како огнена топка. Брзината со која метеорите навлегуваат во земјината атмосфера е околу 214.000 километри на час.

Единствен фактор што ќе ја намали видливоста на годинешниот метеорски дожд е големиот сјај од месечината, која ќе биде во полна фаза на 10 август, а на 12 август ќе бидат видливи 91 процент од месечевиот диск.

Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top