| четврток, 6 декември 2018 |

Прво списание за хомосексуалци во Турција

Денеска од печат излезе пилот-бројот на првото списание за хомосексуалци во Турција, „Геј Мег“, што се смета за револуционерен чекор за турската ЛГБТ заедница.

gej tur

– Сакаме да ги урнеме сите табуа, но чекор по чекор. Многу време чекавме на овој момент. Сосема е нормално да има луѓе кои се против, но сигурно има и такви на кои ќе им се допадне – изјави уредникот на магазинот Емир Акгул.

Во првиот број на списанието ќе биде објавено интервју со познатата турска актерка и пејачка Хилија Авшар, која вели дека ако еден ден нејзината ќерка ѝ соопшти дека има хомосексуални склоности, тоа нема да биде катастрофално за неа. Во бројот е вклучен и напис за пејачката Мараја Кери.

Предвидено е во период од една година магазинот да биде дистрибуиран бесплатно во дел од продавниците во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top