| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА не попушта, казната за Суарез останува

Светската фудбалска федерација (ФИФА) не попушти пред притисокот да ја намали казната за Луис Суарез и суспензијата од 9 натпревари за уругвајскиот напаѓач останува на сила. Суарез на мундијалот во Бразил го касна за рамо Џорџо Кјелини, но избегна црвен картон и исклучување.

По прегледувањето на снимката од дуелот меѓу Уругвај и Италија, Суарез беше суспендиран до крајот на шампионатот, а потоа и казнает со 9 натпревари неиграње во сите конкуренции, а не смее и да тренира 4 месеци со новиот клуб Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top