| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездата на „Си-Ен-Ен“ гризeла луѓе во американската амбасада во Багдад

si en enДвајца членови на медицинскиот персонал на американската амбасада во Багдад поднеле тужба за угледната дописничка на „Си-Ен-Ен“ од Бејрут, Арви Дамон.

Дамон во јули известувала за офанзивата на исламските муџахедини на подрачјето на Ирак, а во еден момент во нејасни околности се нашла во просториите на амбасадата каде што, според тужбата, се опила, по што станала насилна.

Подносителите на тужбата се обиделе да ѝ помогнат на репортерката да се прибере, но таа и двајцата ги гризнала за рацете викајќи дека е главната новинарка на „Си-Ен-Ен“. Еден од тужителите, исто така, тврди дека заработил повреди на колената и на лактите, додека другата, наводно, добила уште неколку гребаници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top