Израел и палестинските фракции ноќеска се договориле за ново примирје предложено од Египет, кое стапува во сила од 8 часот утрово по локално време и е предвидено да трае 72 часа, јави „Би-Би-Си“.
Условите под кои е постигнат договорот засега не се објавени. Последното примирје кое беше договорено на предлог на Катар пропадна по само неколку часа. Во понеделникот беше прогласено хуманитарно примирје во поголемиот дел на Газа, но Израел продолжи со борбените дејствија по само неколку часа.
Египет во понеделникот му ги претстави на Израел палестинските барања за прекин на огнот во Газа. Претставниците на палестинските групи, меѓу кои и Хамас и Исламски џихад, одржале прв официјален состанок во Каиро со главниот египетски разузнавач со кого договарале заедничка листа на палестински барања. На листата за прекин на огнот било ставено повлекување на изралеските сили од Газа, прекин на блокадата, ослободување на затворениците и почнување на обнова, јави „Ројтерс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.