| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазен велосипедист кај општина Центар (ФОТО)

На раскрсницата кај зградата на општина Центар на улицата „Орце Николов“ такси-возило удрило во велосипедист.

Велосипедистот веднаш бил пренесен во болница, но според очевидци не бил тешко повреден. Се жалел на болки во градите.

Полицијата врши увид на местото.

wpid-image-a62c1c35d31cfa659dd5140722aebc5debfd0759eeb5b182f3e5058d260cd850-v-picsay

 

Таксистот тврдел дека не го удрил велосипедистот бидејки според неговите кажувања, тој не бил качен на велосипедот. Му се слошило откако започнало објаснувањето кој е во право.

Извор: проверено.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top