Вторник ќе започне со сончево претпладне и пладне, а попладне развој на дождоносна облачност ќе има во западниот дел од земјата, пишува специјализираниот сајт за метеорологија „Метеопро“.
Врнежите од оваа облачност ќе бидат од локален карактер и ќе бидат проследени со грмежи. Постои веројатност во текот на вечерта за локален дожд и грмежи и во делови од источната половина од земјава. Врнежи ќе има и во текот на ноќта кон среда.
Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, но во текот на денот ќе владеат релативно високи температури со максимум од 35 степени.
Во Скопје слично топло време со услови за дожд и грмежи попладнето, и температурен максимум од 32 степени.
Покрај езерата не очекува претежно сончево време, но условите за невреме во попладневните часови постојат и таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.