| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре секоја сабота „Кино-будење“ во Кинотека

cinema-image

Со култниот филм „Играчка-плачка на Нил Џордан, од утре во 12.30 часот ќе започне специјалната програма на Кинотека на Македонија, „Кино Будење“.

Филмската мартовска програма овозможува расонување од работната недела со некој од врвните филмови на светската кинематографија. Освен добриот филмски избор, мартовскиот фестивал вклучува и кафе со мафини пред проекциите.
По Џордановото ремек дело, една недела подоцна, на 9 март, ќе следи „Изгорени од сонцето“ на Никита Михалков, а третата сабота од март ќе биде резервирана за „Тајни и лаги“ од Мајк Ли. Проекцијата на филмот „Секс, лаги и видеоленти“ на Стивен Содеберг е закажана за 23 март, а на 30-ти „Во зенитот на сонцеот“ од Рене Клемент базиран на книгата „Талентираниот господин Рипли“ од Патриша Хајсмит, од кој е инспириран и истоимениот американски филм со Мет Дејмон во главна улога .
Изборот е направен спорeд критериумите на најдобри и нјавлијателни филмови кои оставиле белег во светската кинематографија. Секоја проекција ќе биде отворена од страна на познати македонски имиња како: Амернис Нокшиќи, Бубо Каров, Влатко Стефановски и Никола Ристановски.
Цената на билетот е 110 денари, а во неа се вклучени и кафето и мафините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top