Тропската бура Берта премина во ураган и со тоа стана вториот ураган во Атланскиот Океан оваа сезона, соопшти Центарот за урагани во Мајами.
Стихијата се приближува во правец на источниот брег на САД, кој може да биде зафатен уште утре.

Берта денеска се наоѓа на околу 350 километри северозападно од Бахамите и продолжува брзо да се движи кон север со брзина од околу 26 километри на час и со ветрови од 100 километри на час.
Според прогнозите, Берта ќе премине утре меѓу источниот брег на САД и Бермудските острови.
Во Тихиот Океан, пак, ураганот Изел се приближува кон Хавајските острови, но се очекува да го намали својот интензитет. Засега тој е од трет степен и проследен со ветрови со брзина од 205 километри на час. Изел се приближува кон запад со брзина од 15 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


