Вработен во бензинска пумпа Макпетрол Дреново, И.Ј., вчера пријавил во полициската станица во Кавадарци дека вечерта околу 22.00 часот додека бил на работа, на бензинската застанал автобус со навивачи од Скопје, кои се враќале од Битола.
– Откако си заминале, истиот пријавил дека на безбедносната камера видел како во згодна прилика од некои навивачи од фрижидерот му биле одземени повеќе 30 парчиња разни сладоледи, а од внатре од рафтовите еден дезодоранс и разна прехрамбена роба, за која дополнително ќе утврдат што точно им е одземено и заедно со видео материјалот дополнително ќе достават пријава, информираат од полицијата.
Полицијата работи на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


