| четврток, 6 декември 2018 |

Лизгање на земјиште во Гостиварско

Лизгање на земјиште оштети куќа во гостиварското село Симница.

Инцидентот се случил вчера попладнето кога, најверојатно поради обилните дождови и подземните води во горното маало од селото дошло до поголемо лизгање на земјиштето под куќите во сопственост на 45-годишниот С.Е. и 38-годишниот  М.Е.

Од лизгањето оштетен бил потпорниот и оградниот ѕид, како и бетонската плоча на влезот од куќата на М.Е.

Поради ваквата ситуација, постои можност за поголемо лизгање, а за настанот известен бил Кризниот штаб за спасување и кризи во Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top