| четврток, 6 декември 2018 |

Потпишан договорот за изградба на Панорамското тркало

panoramsko trkalo1

Склучен е договорот за изградба на реквизитниот објект „Панорамско тркало“ кој ќе се гради на нов мост во Вардар, помеѓу Камени мост и мостот „Гоце Делчев“.

Јавното сообраќајно претпријатие официјално потпишало договор со градежната фирма „Бетон-Скопје“. Изградбата треба да трае пет години, а ќе опфати подигање и на придружни елементи како кафетерија, ресторан и сувенирница на новиот мост.

Реквизитниот објект ќе биде висок 73 метри, мерено од брегот на реката, а ќе има дијаметар од 57 метри. Ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли просечно осум места за возрасни и две за деца. Гондолата ќе може да издржи товар од 750 килограми. Максимален капацитет на патници на панорамското тркало ќе биде 300 луѓе, односно 240 возрасни и 60 деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top