
Наоѓајќи се во центарот на голем лак на нестабилност, почнувајќи од Либија, јужно од Крит, преку Египет, Газа каде израелските воздушни сили безмилосно бомбардираат, Сирија растргната од граѓанска војна, до Украина, Грција се однесува само како набљудувач.
Ова го пишува познатиот грчки аналитичар и колумнист Костас Јорданидис во текст под наслов „Важноста на самосвеста“ објавен во „Катимерини“. Јорданидис пишува дека однесувањето на Грција како набљудувач, доаѓа од Влада чии членови во минатото преземале крупни одлуки, наведувајќи ги примерите со Македонија.
– Сето ова се случува во Владата чиј претседател Андонис Самарас, како министер за надворешни работи на премиерот Мицотакис буквално ја вознемири внатрешната политичка сцена и меѓународната заедница, почнувајќи ја битката да не го признае Скопје кое се отцепи од Југословенската федерација ако не ги отстрани зборот Македонија или негови деривати од своето име. Во подоцнежната фаза од драмата, Венизелос, како експерт во многу области во Владата на Андреас Папандреу, предложи и после наметна економско ембарго кон Македонија, кое подоцна беше укинато откако се покажа како контрапродуктивно, пишува тој.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкиот аналитичар додава дека истите овие протагонисти денеска бараат компромисно решение за името, од што читателот треба сам да изведе заклучок.
Дали тоа значи дека се додека се Самарас и Венизелос дел од некоја грчка Влада, името ќе остане нерешен проблем, или пак е дојдено до таму креаторите на проблемот да отстапат од своите убедувања и да бараат решение.
– Но, меѓу ризична, и понекогаш глупава политика за која треба да признаеме дека беше позитивна за грчките интереси во контекст на Заедницата, и положбата на набљудувач на она што се случува во пошироките грчки интереси, разликата е огромна. Грчката дипломатија денес, едноставно, веќе не постои. Нема потреба некој да протестира за настанатата ситуација. Но, не си фантазирајте за некаква ’посебна улога’ на Грција во регионот. Земјата страда длабоко, не само во областа на економијата. Без ова основно самоспознание, невозможно е некој да се рестартира, заклучува грчкиот аналитичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


