| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца летово заработи 150.000 евра – засега!

Српската фолк дива Светлана Ражнатовиќ  Цеца според неофицијалните информации, со концертите од нејзината летна турнеја веќе заработила 150.000 евра, а од наредните настапи ќе искешира уште 100.000 евра, пишува српски „Телграф“.

На висината на хонорарот најмногу влијае дали пејачот има хит, колку публика собира во дискотеката во која настапува и каде се наоѓа, бидејќи не е истата тарифа за настап во среда во Ниш, и на пример, во петок во Цирих. Цеца е најплатената пејачка на овие простори. Таа не настапува секој викенд и не пее под шатори и на приватни прослави, но затоа за еден настап на плоштад или во дискотека треба да се издвојат 25.000 евра. Така Цеца за шест настапи заработила околу 150.000 евра, а до крајот на сезоната ја очекуваат уште четири големи концерти, после кои ќе биде побогата за уште 100.000 евра – вели извор од менаџерските кругови за порталот.

Од почетокот на летото Цеца настапи во Марибор, Охрид, Нови Сад, Бар, Будва и во Модричи, на 7 август ќе настапува на Саборот во Гуча, а после тоа ја очекуваат настапи во Будва, Копар и во Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top