Тоа дека Македонец тепал средоземна фока, ја удирал по грбот, ја малтретирал и слично – тоа е недоквакана, глупава лага. Зошто хрватските новински портали речиси без исклучок им ја пласираа на своите читатели? – напиша Ладислав Томичиќ во Нови Лист.
Ваквата негова реакција доаѓа откако минатата недела Македонец беше „осуден“ од порталите и од јавноста дека малтретирал фока во Хрватска. Томичевиќ вели дека сето ова е за „читателите да „кликаат“; за да се забележи зголемен сообраќај на порталите; за веста подобро да се рашири на Фејсбук и на другите социјални мрежи; за порталите подобро да котираат на местата каде што се мери нивната посетеност, што наводно има влијание врз спремноста на огласувачите да плаќаат за рекламирање на порталите“.
Понатаму тој додава дека Македонецот не ја тепаше, ниту ја малтретираше средоземната фока во Пула.
-Да се запрашаме патем, зошто по ѓаволите во оваа приказна е важно неговото државјанство, односно неговата националност? Во секој случај, излажавме. Македонецот средоземната фока ја допре два или три пати. Се обиде да ја погали фоката, па таа избега. Сето ова јасно се гледа во видеото објавено на Јутјуб. И покрај тоа, некои медиуми отидоа чекор понатаму. Заедно ги објавија и видеото и лажното тврдење дека капачот ја удирал фоката. Беше во прашање само глупавото човеково љубопитство, кое го чинеше човекот медиумски срам, протерување од Хрватска и 1.500 куни. Кому му требаат вакви лаги? Кому му требаат вакви вести? Им требаат на порталите, заради кликаност, лајканост, заради споделувања на глупавиот Фејсбук. А сето тоа заради – огласувачите. А каде се читателите? Каде е општествената корист што треба да ја „произведува“ новинарството? Каде тука всушност е новинарството? Што е, на крајот на краиштата, резултатот од целата оваа грда приказна? Еве го: сите читатели што ги видоа снимката и насловите на порталите сфатија (уште еднаш) дека на медиумите не треба да им се верува – констатира тој.
Од друга страна пак, ваквата информација не ја измислиле новинарите. Приказната е објавена на официјалниот сајт на тамошното Министерство за внатрешни работи. Наведено е дека Македонецот неколку пати ја удрил со рака фоката по грб и ја избркал од плажа кон море.
Човекот што поради своето глупаво љубопитство беше ставен на столбот на срамот и обележан како дивјак беше протеран од Хрватска и плати казна. Дали некој ќе му се извини на тој човек? Нема. Но кој пред сѐ треба да му се извини на „осудениот“ Македонец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Македонец од Виена и Србин од Марвинци шверцувале антички монети и артефакти со непроценлива вредност
-
Камионот цел ден го ваделе од насипот, штета над 200 илјади евра: Фотографии од сообраќајката во која Македонец излета од пат во Германија
-
Македонец избоден до смрт пред ресторан во Мелбурн


