| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК објави оглас за обнова на 10 железнички станици во Македонија

 stanica

Европската комисија денеска објави оглас за целосно обновување на 10 железнички станици во Македонија по должината на Коридорот 10, вклучувајќи го и кракот 10 д.

Со инвестицијата се опфатени 10 станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демиркапија, Градско и Неготино – Вардар.

Краен рок за поднесување на понудите е до 30 септември.

Покрај целосната обнова, ќе се вградат и нови системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, а ќе се подобри и пристапноста за лицата со намалена подвижност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top