Германија официјално ја прекина испораката од своите компании за воениот полигон во Русија, поради украинската криза.
Германското министерство за правда денеска соопшти дека компанијата Рајнметал ја повлече дозволата за извоз на опрема за полигонот наменет за обуки на руската војска.
Како што пренесуваат германските медиуми, полигонот требало да обучува повеќе од 30.000 руски војници годишно. Полигонот се наоѓа во Мулино во областа Волга и оваа година требало да започне со работа.
Конечната забрана е чекор подалеку од она што се бара како ембарго кон Русија од страна на ЕУ.
Германската влада уште во април соопшти дека веќе нема да одобрува никаква испорака на воена опрема за Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




