| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемите измами на интернет

internet500

На интернет е тешко да се дознае што е измама, а што е вистина. Кога некоја таква измама ќе се појави на интернет, таа брзо, како вирус, се шири преку страници како што се Фејсбук, Твитер, Јутјуб…

Милиони луѓе досега веќе наседнале и барем накусо се почувствувале како измамени будали. Еве некои од најголемите интернетски лаги:

Не се вградени чипови во деца

Светот во многу аспекти можеби изгледа како дистопија, но сѐ уште не сме почнале да вметнуваме чипови во луѓето, па така ни во деца. Приказната за тоа дека училиштата во американската сојузна држава Вајоминг бараат децата да се скенираат е лажна, се работи за сатира.

Најблизок виситнски настан до ова се случил во Тексас, каде што едно девојче е суспендирано поради тоа што одбило да носи беџ со чипот РФИД, со чија помош можело да се следи дали учениците се на настава.

Таа е вратена во одделението, а училиштето се откажа од програмата.

Испратена објава на „Фејсбук“ нема да ги заштити вашите права

На најголемата социјална мрежа луѓето се склони на сешто, од неовластено користење на вашиот лик и име, до психолошко експериментирање со корисниците без знаење и дозвола. Што сѐ даваат на разузнавачките агенции, можеме само да погодуваме. Поради тоа, не чуди тоа што многу меѓу нас сакаат да се заштитат себеси, својата приватност и правата.

Меѓутоа, тоа нема да го постигнете со објава во која ќе полагате право на фотографиите и текстовите што ги објавувате. Тие се сопственост на „Фејсбук“ од моментот кога сте почнале да користите профил на таа социјална мрежа. Ако сакате да се ослободите од тоа, избришете ја корисничката сметка на „Фејсбук“. Ако тоа ви е премногу радикално, можете барем да испратите е-пошта до „Фејсбук“ и да кажете што мислите за него.

Бил Гејтс нема да ви испрати пари

Ниту тој, ниту „Мајкрософт“, ниту Фејсбук, ниту кој било друг. Ако сте добиле е-пошта, фотографија или порака во која се тврди дека некој ќе ви испрати пари, слободно можете да ги избришете. Лажни се бидејќи тие уште од 1997 година се појавуваат во разни форми.

Џејми Шеридан не поминала седум години во изолација по бродолом

Приказната за Џејми Шеридан, која наводно поминала седум години во изолација на пуст остров по бродолом, е измислена, а фотографијата која кружи со таа лага, е украдена од извештајот на „Амнести интернешнел“ за Киргистан.

„Самсунг“ не му платил на „Епл“ отштета од милиони долари

Звучи како добра шега и маркетиншка идеја, но не е вистина дека надоместот од милијарда долари, што Судот пред две години му го одреди на јужнокорејскиот џин „Самсунг’“ на својот партнер и лут ривал од САД, „Епл“ му го исплатил во готово.

Мобилниот телефон нема да ви го испржи мозокот

Можно е да се плашите поради влијание на радијација која ја емитува телефонот, но едно е сигурно, тој уред не произведува доволно топлина ни да свари јајце.

Жена не убила тројца поради видеоигри

Жално е што има луѓе кои се во состојба да поверуваат дека жена била толку луда по конзолата за играње Иксбокс, па поради неа избодела тројца купувачи во „Волмарт“. Приказната е сатира, зад која стои „Дејли Кјурент“.

Со мобилен (сѐ уште) не можете да отклучите автомобил

Ако немате  соодветна апликација, тогаш можете да притискате на копче на мобилниот телефон до „Судниот ден“, но сепак нема да го отклучите автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top