Припадниците на движењето „Исламска држава“ го зазедоа ирачкиот град Синџар, по што 200.000 лица се принудени на бегство, што предизвика хуманитарна катастрофа, оценија денеска Обединетите нации.
– Во тој град се одвива хуманитарна катастрофа. ОН се сериозно загрижени за безбедноста на сите тие цивили, изјави главниот пратеник на ОН во Ирак, Николај Младенов.
ОН оценуваат дека околу 200 илјади лица биле принудени од страв за својот живот да ги напуштат домовите. ОН соопштуваат дека тие луѓе се наоѓаат во очајна ситуација, без основните продукти, без вода и лекови, а посебно оние кои бегаат преку планината во таа област.
Сунитските бунтовници од „Исламска држава“ зазедоа уште два северни ирачки града и нафтено поле, во нивната прва голема победа над курдските борци, изјавија денеска очевидци. Откако вчера воспоставија контрола над градовите Зумар и Каск, денеска ги зазедоа Синџар и Вана.
Огранокот на Ал Kаеда, кој во јуни навлезе низ северот на Ирак не наидувајќи речиси на никаков отпор на ирачката војска, претставува најголем предизвик за стабилноста на земјата од падот на Садам Хусеин во 2003 година.
Откако илјадници ирачки војници побегнаа пред офанзивата на „Исламска држава“, шиитските милиции и курдските борци се појавија како клучен бедем на одбрана против милитантите, кои се заканија дека ќе влезат и во Багдад.
Курдските сили испратија зајакнување, вклучувајќи и специјални сили, во градот Зумар за време на викендот за да се борат против борците од „Исламска држава“, кои пристигнале од три правци во камиони, на кои имало поставено тешко вооружување, соопшти локалното население.
Милитантите подоцна ги поставиле и своите црни знамиња на зградите во Зумар, во ритуалот, кој во минатото беше вовед во масовни погубувања на заробените противници и насилно наметнување на идеологијата, што дури и Ал Каеда смета дека е претерано.
„Исламска држава“ подоцна го зазеде и градот Синџар, од каде локалното население побегнало, откако курдските борци пружиле слаб отпор на милитантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим