Централната плажа на дојранското крајбрежје, позната и како градска плажа од вчера ги пречекува туристите во сосема поинакво светло.
-Од денеска и во полн капацитет функционира и новата градска плажа во Дојран во должина од 500 метри со некаде 500 лежалки, комплетно со пропратна инфраструктура како тоалети, спортски терени, спасувачи. Посебно денеска имаме неколку илјади луѓе на плажата, се гледа дека е популарна и понатаму ќе фунционира со полн капацитет. Она што е најважно е тоа што го менува лицето на Дојран, нуди една нова модерна содржина и се подига нивото на туризам во Дојран, со самото отворање на новата градска плажа, рече вчера градо
началникот на Дојран – Борче Стамов.
Туристите велат дека условите сега се многу подобри, иако Дојран генерално бара уште вложувања за да биде модерно туристичко место. Погледнете како изгледаа плажите во Дoјран пред точно една година, а како изгледаат денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.










