| четврток, 6 декември 2018 |

Оглас на министеството за транспорт и врски: Се бараат инвеститори за хотели во Скопје

ministerstvo_transport

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на хотелски комплекси и деловни простории во општина Центар, предвидени со Детален урбанистички план за дел од Спортско-рекреативен центар „Кале”, Блок 2, соопштија од Министерството за транспорт и врски.

Станува збор за две градежни парцели, наменети за изградба на хотелски комплекси кои се со површини од 2.350 и 374.2 м2 чија почетна цена на електронското јавно наддавање ќе изнесува 61 денар од метар квадратен и една градежна парцела, наменета за изградба на деловни простории која е со површина од 2.447 м2 и почетна цена на јавното наддавање од 6.000 денари од метар квадратен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top