Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ се во преговори со Агенцијата за енергетика за поставување полначи за електрични возила и велосипеди на пет локации на најфреквентните места во централното градско подрачје на Скопје.

Како што пренесе порталот „build.mk“, повикувајќи се на информации објавени на интернет-страницата на Агенцијата за енергетика, првата локација на која ќе биде поставен полнач за електрични возила и велосипеди ќе биде монтажниот паркинг во Капиштец.
Заинтересираните инвеститори ќе може да се вклучат во овој проект преку спроведување на јавно-приватно партнерство со Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


