| четврток, 6 декември 2018 |

Според Трамп, „Џанго разузданиот“ е расистички филм

donaldtrumpАмериканскиот милијардер Доналд Трамп го критикуваше филмот „Џанго разузданиот“ (Django Unchained) на американскиот актер и режисер Квантин Тарантино и го нарече расистички.

По доделувањето на наградите „Оскар“, Трамп на „Твитер“ го напиша следново: „’Џанго разузданиот‘ е најрасистичкиот филм што некогаш сум го гледал. Ѓубре“.

– Мислам дека филмот е расистички. Не го сметам за добар. Никогаш не сум видел толку ранети луѓе кои експлодираат. Како да ги погодиле бомби – изјави Трамп за американските медиуми.

Тој додаде дека  нема ништопротив Тарантино и дека во неговите филмови претходно уживал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top