Албански државјанин е починатиот маж чие тело беше пронајдено во напуштениот џип во близина на македонско-албанската граница кај Дебар.
Како што пренесува порталот „Дибра име“ станува збир за лицето М.Е.(35) од албанскикот град Елбасан.
Во рамки на интензивната истрага,по грабежот во двете златарници во Дебар, полицијата џипот марка „Ранге Ровер“ со англиски национални ознаки, го пронајде на 31. јули вечерта во месноста „Мирешки Ливади“ во близина на македонско-албанската граница, кај Дебар. На задното седиште во лежечка положба беше пронајдено безживотното тело на М.Е. Грабежот се случи на 29. јули, при што во престрелка беше ранет еден од сопственициите и случаен минувач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.